Технологијата работи со користење на истите мобилни „камери со вештачка интелигенција“ кои моментално се распоредени во Велика Британија / Photo: Reuters

Вештачката интелигенција би можела да биде ново оружје во борбата за искоренување на возењето во пијана состојба. Технологијата работи со користење на истите мобилни „камери со вештачка интелигенција“ кои моментално се распоредени во Велика Британија за да ги фатат на дело возачите кои користат мобилни телефони или не се врзани со појаси.

За разлика од прекршлците за користење мобилни телефони или неносење појас, овде возачите не се казнуваат веднаш, туку се испраќаат докази до полицајците за да можат да ги запрат и да направат алкотестирање на возачите кои се „осомничени“.

Системот, или пилот-проектот, е воведен од полицијата на Девон и Корнвол во текот на декември како дел од кампањата за партнерство за безбедност на патиштата Vision Zero South West за намалување на бројот на загинати или повредени на патиштата во регионот.

„Имаме широка патна мрежа од речиси 22.500 километри во Девон и Корнвол, што значи дека нашите полицајци не можат да бидат насекаде“, објасни началникот Сајмон Џенкинсон од Полицискиот сообраќаен тим.

„Технологијата на камерата ни помага да ги насочиме оперативните ресурси на ефикасен начин. Во декември, ќе распоредиме камери на различни локации низ регионот и тесно ќе соработуваме со производителот за да обезбедиме овој систем да биде што е можно попрецизен и ефикасен“.

Производителот на камерата е Acusensus од Австралија.

Компанијата е основана откако пријател на основачот загинал во сообраќајна несреќа во која на возачот мобилниот телефон му го одвлекол вниманието.

TRT Balkan / агенции
Популарни