Данците со оваа победа ја продолжија низата без пораз на светските првенства на 36 натпревари / Photo: Reuters

Хрватските ракометари во финалето на светското првенство ќе играат против Данска, која во полуфиналниот меч во Осло ја прегази Португалија, најголемото изнанедување на шампионатот, со 40:27 (20:16).

Трикратните последователни светски шампиони не дозволија никакво изненадување. Португалија никогаш немаше водство, а само еднаш, на средината на првото полувреме, заостана еден гол.

Данска водеше со 3:1, потоа 5:2 и имаше водство од 8:4. Португалија во 22. минута успеа да дојде до гол заостанување (13:12), но светските шампиони повторно побегнаа на +4 (19:15). На пауза заминаа со четири гола предност (20:16).

Доколку имаше сомнежи, тие исчезнаа по само десет минути од продолжението. Данците предводени од „непобедливиот“ Емил Нилсен поведоа со 10 поени разлика (30:20). Имаа и 14 поени разлика, а на крајот заврши 40:27.

Матијас Гидсел со девет и Расмус Лауге Шмит со осум гола беа најефикасни во данските редови, додека брилијантниот Нилсен собра 15 одбрани.

Најефикасни кај Португалците беа Антонио Ареиа со пет и Виктор Алварез со четири гола.

Данците со оваа победа ја продолжија низата без пораз на светските првенства на 36 натпревари. Шест години немаат пораз на светските првенства, освојувајќи три последователни титули (2019, 2021, 2023).

Последниот пораз на Мундијалот беше во осминафиналето во 2017 година од Норвешка (25:27), а потоа забележаа 34 победи и две нерешени.

Нивните само две ремија беа против Египет (2021) и Хрватска (2023).

Хрватско-данското финале е закажано за недела на 2 февруари во 18 часот во Осло.

Од 15 часот Франција и Португалија ќе играат за бронза.


TRT Balkan / агенции
Популарни