На двата македонски аеродроми, во Скопје и Охрид во 2022 година имало 2.4 милиони патници и биле остварени речиси 19.500 летови.
Според компанијата ТАВ која ја доби концесијата за нивно управување, ова е успешен резултат кој покажува дека патничкиот авионски сообраќај закрепнува и се враќа на бројките пред рестрикциите наметнати од пандемијата со Ковид-19.
За зголемен број на патници неопходни се редовни и сезонски летови. Според официјалните податоци од скопскиот аеродром (СКП) моментално се лета кон 33 дестинации кои ги реализираат вкупно 13 авиокомпании.
Преку СКП може да се полета кон голем број на популарни дестинации во Европа како што се Рим, Париз, Лондон, Виена, Берлин и итн. Од регионот Скопје воздушно е поврзан со градовите Белград, Загреб, Атина.
Има голем број на дестинации во западноевропските земји кон градовите Малме, Базел, Меминген, Тревизо и други, каде живее дел од македонската дијаспора како и тие што се на привремена работа во странство. Редовни летови има и кон Истанбул, а во текот на летото и кон Анталија кои ги менаџираат турските авиокомпании.
Од помалиот меѓународен аеродром во Охрид може да се полета кон шест дестинации, а нивниот распоред го одредуваат вкупно пет авиокомпании.
Скопје-Сплит се очекува да профункционира од мај и да трае во текот на летната туристичка сезона, и туристичкиот центар Охрид повторно ќе биде воздушно поврзан со Белград во текот на летото со редовни летови неделно од јуни годинава.
Охрид исто така ги очекува традиционалните гости од Холандија преку воспоставените тури, како и од градовите Варшава и Катовице во Полска, бидејќи Полјаците се меѓу најбројните туристи во македонските градови.
Редовни чартер летови се очекуваат и кон популарните туристички дестинации од Скопје кон Туркије, Тунис и Египет.
Скопје 13 авиокомпании, вкупно дестинации:
1. Истанбул
2. Брисел
3. Виена
4. Милано
5. Варшава
6. Берлин
7. Франкфурт
8. Гетеборг
9. Келн
10. Малме
11. Атина
12. Лутон
13. Цирих
14. Белград
15. Загреб
16. Базел
17. Париз
18. Братислава
19. Меминген
20. Дортмунд
21. Будимпешта
22. Ајдховен
23. Фридрихшафен
24. Хамбург
25. Стокхолм
26. Женева
27. Рим
28. Болоња
29. Осло
30. Нирнберг
31. Тревизо
32. Баден
33. Малта
Охрид 5 авиокомпании, вкупно дестинации:
1. Базел
2. Меминген
3. Виена
4. Малме
5. Дортмунд
6. Цирих