Tерористички групи користат дигитални медиуми за пропаганда, индоктринација и комуникација, како и за регрутирање симпатизери и милитанти, објасни тој.       Фото: АА

Дигиталниот тероризам е прашање на националната безбедност и преземањето мерки против него е одговорност на државата; не е избор, рече директорот за комуникации на Туркије.

Освен со „физички напади“, Туркије се соочува и со „дезинформациски напади“ од терористички групи како ЈПГ/ПКК и ФЕТО, рече Фахретин Алтун во средата на работилницата за нови медиуми и дигитален тероризам што се одржа во Анкара.

„Налозите кои поддржуваат терористички организации систематски споделуваат дезинформации против нашата земја на платформите на социјалните медиуми и се обидуваат да го мобилизираат локалното и странското јавно мислење против Туркије“, рече тој.

Овие терористички групи користат дигитални медиуми за пропаганда, индоктринација и комуникација, како и за регрутирање симпатизери и милитанти, објасни тој.

„Дигиталниот тероризам е прашање на националната безбедност и секоја држава треба да ги спроведе потребните одбранбени и превентивни механизми против заканите во дигиталниот свет“, рече Алтун.

„Преземањето мерки на претпазливост против тероризмот и сличните злосторства што може да се појават во дигиталниот свет не е избор на државата или механизам за контрола на општеството. Овие мерки се одговорност на државата кон нејзините граѓани“, нагласи тој.

AA
Популарни