ТРСК продолжува да ја брани каузата на кипарските Турци со пристап заснован на дијалог и дипломатија / Photo: AA

Туркије секогаш ќе се сеќава и нема да дозволи да се заборават напорите за етничко чистење и исклучувања насочени кон кипарските Турци, рече директорот за комуникации Фахретин Алтун.

„Прво, се вршат злосторства. Второ, наспроти овие злосторства, постои славниот и горд отпор на кипарските Турци“, рече Алтун во четвртокот при посетата на изложбата Кипарски факти во Анкара.

Изложбата ги прикажува настаните кои доведоа до Кипарската мировна операција, која стави крај на злосторствата во Кипар. Има бројни фотографии, весници и вести од тој период.

На настанот присуствуваше и Ерсин Татар, претседателот на Турската Република Северен Кипар (ТРСК).

Кипарската кауза

Алтун рече дека Туркије ќе одржи многу активности во текот на годината за да продолжи да зборува за кипарската кауза низ светот, а изложбата ќе покаже како кипарските Турци биле угнетувани под влијание на глобалните сили.

„Повторно, благодарение на силната поддршка и придонес на Република Туркије, како и на славната борба на кипарските Турци, овие обиди за геноцид не беа дозволени и на овие злобни активности, фала му на Аллах, им беше ставен крај, " додаде тој.

Турскиот директор за комуникации рече дека мора да се сеќаваат на „горчливите вистини“ на историјата, додавајќи дека ТРСК продолжува да ја брани каузата на кипарските Турци на меѓународната сцена со пристап заснован на дијалог и дипломатија.

Решение со две држави

Алтун потсети на напорите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да го претстави решението со две држави за кипарското прашање на различни меѓународни платформи, вклучително и ОН, додавајќи дека тоа што ТРСК е членка набљудувач на Организацијата на туркиските држави е потврда за поддршката на Анкара. ,

Етничките напади кои започнаа во раните 1960-ти ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклавите заради нивна безбедност.

Во 1974 година, државниот удар на кипарските Грци, чија цел беше грчката анексија на островот, доведе до воена интервенција на Туркије како гарант за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. ТРСК е основана на 15 ноември 1983 година.

Во последниве години имаше постојан мировен процес, вклучувајќи ја и неуспешната иницијатива во 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Туркије, Грција и Обединетото Кралство.

Администрацијата на кипарските Грци беше примена во ЕУ во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на долготрајниот спор.

AA
Популарни