Ердоган: Туркије е со Либија по поплавите во земјата / Photo: AA

„Досега Туркије испрати три авиони и три брода како дел од хуманитарната помош за погодената Либија од поплавите“, рече Ердоган, обраќајќи се на форумот за урбана трансформација и земјотреси во Истанбул.

„Нашата помош за нашите либиски браќа и сестри ќе продолжи непрекинато за да им помогне да ги надминат овие тешки денови за кратко време“, додаде тој.

Најмалку 6.000 луѓе загинаа, а илјадници се водат како исчезнати во поплавите минатиот викенд во источна Либија, според официјалните податоци.

Обилните дождови и поплавите предизвикани од бурата Даниел во неделата погодија неколку области во источна Либија, особено Бенгази, Ал Бајда и Ал Марџ, како и Суза и Дерна.

Законодавство кое Туркије ќе ја направи отпорна на земјотреси

Исто така Ердоган рече дека Туркије ќе ја зајакне работата на тоа земјата да ја направи отпорна на земјотреси.

Целта на законот за земјотреси е „да се воспостави правна инфраструктура која ќе спроведе урбана трансформација на најздрав, најбрз и најчесен начин во односс на реалноста на земјотресите“, рече тој.

„Од сега мораме да ја извршуваме работата со признавање на 81 покраина на нашата земја како земјотресни зони“, додаде Ердоган. По земјотресите на 6 февруари во југот на Туркије, Ердоган рече дека земјата го обновува подрачјето погодено од земјотресот. Туркије е едно од сеизмички најактивните зони на светот. Во февруари силни земјотреси во Туркије убија повеќе од 50.000 луѓе.

Во 1999 година силен земјотрес го погоди северозападот на Туркије, при што животот го загубија 18.000 луѓе.

TRT World
Популарни