Синоќешниот обилен дожд во Измир го покачи нивото на морето и предизвика поплави. Улиците во квартовите Каршијака и Конак беа под вода, а на терен интервенираа надлежните служби и спасувачките екипи.
Поплавени се бројни стопански и станбени објекти на крајбрежјето, а мештаните ги спасиле возилата со тоа што ги оддалечиле од брегот.
Градските служби до утринските часови работеле на чистење на каналите за повлекување на водата.
Бурниот ветер уште повеќе ја отежнувал ситуацијата, а противпожарната екипа со чамци ги евакуирала музичарите кои свиреле во еден од поплавените клубови.
Градските власти соопштија дека нивото на морето е покачено за еден метар и дека сите надлежни служби се на терен за да им помогнат на настраданите.
AA