Товарен авион на карго компанија слета на својот труп откако му откажа предната опрема за слетување при слетувањето на аеродромот во Истанбул.
Авионот Боинг 763 на „Федекс ерлајнс“ пријавил во контролната кула дека пристигнува од Париз во Истанбул со дефект во опремата за слетување.
Пилотот побарал дозвола за ризично слетување на трупот на авионот, што било успешно изведено со интервенција на Аеродромската спасувачка и противпожарна служба.
Никој во авионот не е повреден. Во тек е отстранување на авионот од пистата.
AA