Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Израел мора веднаш да излезе од лудилото и да ги запре нападите врз Газа.
„Сè почестите израелски бомбардирања на Газа, кои се интензивираа минатата ноќ, повторно беа насочени кон жени, деца и невини цивили, продлабочувајќи ја хуманитарната криза. Израел мора веднаш да излезе од оваа состојба на лудило и да ги прекине своите напади“, рече Ердоган преку својoт официјален профил на социјалните мрежи.
Ердоган ги повика граѓаните на Туркије да одговорат на најавениот Голем митинг за Палестина денеска во што поголем број.
„Денеска ги поканувам сите мои браќа на Големиот митинг за Палестина на аеродромот Ататурк, каде гласно ќе извикаме дека стоиме со палестинскиот народ против израелското угнетување“, рече Ердоган.