Претседателот Ердоган е во официјална посета на Унгарија / Фото: AA

„Туркије и Унгарија ги подигнаа своите билатерални односи од стратешко на напредно стратешко партнерство“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Говорејќи на прес-конференција со унгарскиот премиер Виктор Орбан во унгарската престолнина Будимпешта, Ердоган рече: „Со заедничката политичка декларација потпишана со Орбан, нашите билатерални односи од стратешко партнерство ги подигнавме на ниво на напредно стратешко партнерство.

„За 11 месеци од оваа година го надминавме обемот на трговска размена меѓу Туркије и Унгарија од минатата година, достигнувајќи бројка од четири милијарди долари“, рече Ердоган, додавајќи дека целта е билатералната трговија да се зголеми на шест милијарди долари.

Според него, тие планираат да ја зголемат трговијата и инвестициите со тоа што ќе бидат домаќини на првиот состанок на Заедничкиот економски и трговски комитет во Туркије во наредните месеци.

„Туркије и Унгарија имаат за цел дополнително да ги зајакнат врските во областите како што се одбранбената индустрија и енергијата, каде што веќе имаме продуктивна соработка“, додаде претседателот на Туркије.

Ердоган рече дека разговарале за актуелни теми, ситуацијата во Газа, Украина и односите меѓу Туркије и Европската унија.

„Задоволен сум од Унгарија, која ќе го преземе претседавањето со ЕУ во втората половина на 2024 година, силно нагласувајќи ја поддршката за нашето полноправно членство во ЕУ“, рече претседателот Туркије.

AA
Популарни