Во Република Туркије денеска со бројни манифестации, програми и активности се одбележува 29 Октомври, Денот на Републиката, и 100-годишнината од прогласувањето на Република Туркије.
Денот на Републиката се одбележува низ целата земја, од Истанбул, Анкара, Измир, Трабзон до Газиантеп и Кахраманмараш.
Делегација предводена од претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес по повод 29 Октомври го посети Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.
По тој повод беше интонирана националната химна на Република Туркије и положено цвеќе. Турскиот претседател потоа остави порака во Книгата на впечатоци.
„Се обидовме правилно да ја заштитиме вашата доверба за време на нашето 21-годишно владеење, чијшто секој момент го поминавме служејќи на нашата земја и нација. Нашата република е побезбедна од кога било досега, во сигурни и компетентни раце“, напиша Ердоган.
Националниот празник, Денот на Републиката, во Туркије се одбележува на 29 октомври во знак на сеќавање на прогласувањето на Република Туркије во 1923 година. Републиката ја прогласи војсководецот Мустафа Кемал Ататурк, кој потоа беше избран од Големото народно собрание на земјата за прв претседател на современа Туркије.
Еден од најголемите национални празници се обележува со низа пригодни манифестации низ целата земја, вклучително и положување венци во Аниткабир, мавзолејот на Ататурк.