Најмалку 17 Палестинци загинаа, а голем број се повредени во израелските воздушни напади во понеделникот во близина на болницата Јусеф Ел-Наџар во јужниот дел на Појасот Газа.
Борбени авиони погодија две куќи во близина на болницата во градот Рафах, изјавија очевидци.
Според информациите, десетици луѓе останале под урнатините.
„Израелски воени авиони ги погодија куќите пред зори, предизвикувајќи огромно уништување во областа“, изјави очевидец за Анадолу.
Според Министерството за здравство во енклавата, загинаа најмалку 12 лица во израелското гранатирање на Индонезиската болница во северниот дел на Појасот Газа.
Откако Израел почна да ја бомбардира Газа на 7. октомври, според најновите податоци, загинаа најмалку 13.000 Палестинци, вклучувајќи над 9.000 жени и деца, а повеќе од 30.000 други се повредени.
Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава.
Израелската блокада, исто така, ја исклучи Газа од снабдувањето со гориво, електрична енергија и вода, и ја намали испораката на помош на мал дел.
Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел е околу 1.200, според официјалните бројки.