Oкупациските хеликоптери, исто така, ги нападнаа северните области на кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа / Photo: AA

Над 25 Палестинци загинаа денес, а десетици се повредени при бомбардирање на куќа од страна на Израел во централниот град Газа, на третиот ден од исламскиот празник Рамазан Бајрам.

„(Израелски) Окупаторски авион изврши напади врз куќа на семејството Табатиби, во подрачјето на Сидра, во населбата Дарај во центарот на градот Газа, при што загинаа повеќе од 25 граѓани и ранети се десетици“, објави палестинската новинска агенција ВАФА.

Се додава дека „окупациските хеликоптери, исто така, ги нападнаа северните области на кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа“.

Голем број Палестинци се повредени откако израелската војска бомбардираше „училиште во кое се сместени раселени лица во новиот камп во Нусејрат“, се вели во соопштението.

Израелската војска започна напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври, во кој загинаа речиси 1.200 луѓе.

Досега во израелските напади загинаа над 33.500 Палестинци, а повредени се повеќе од 76.000, предизвикани се масовна деструкција и раселување, а населението од над два милиона е доведено на раб на глад.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

AA
Популарни