Најмалку 250 Палестинци загинаа, а 500 други се повредени во израелските воздушни напади низ Појасот Газа во изминатите 24 часа, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа.
Во изјавата, портпаролот на министерството Ашраф ал-Кудра рече дека медицинските тимови не се во можност да ги лекуваат сите повредени кои пристигнуваат во болниците, но истакна дека се справуваат со видови повреди што не ги виделе во претходните војни.
Тој додаде дека стапката на зафатеност на креветите во оперативните болници во јужниот дел на Појасот Газа изнесува 350%.
Ал Кудра истакна и дека хуманитарната и медицинската помош што пристигнува во Газа не ги задоволува потребите на болниците.
Израел го нападна Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Бројот на палестински загинати од тековните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на 20.674, соопшти денеска Министерството за здравство.
Ал-Кудра рече дека 54.536 луѓе биле повредени во повеќемесечната офанзива.
Се верува дека околу 1.200 Израелци биле убиени во нападот на Хамас.