50.000 трудници гладуваат во Појасот Газа

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, порачал дека очекува Советот за безбедност на ОН (СБОН) да покаже „единствен глас“ за Газа, известува Анадолу.

Стефан Дујарик, портпарол на ОН, на дневната конференција за новинарите изјави дека Гутереш е сѐ позагрижен за здравјето на луѓето во Појасот Газа, особено на жените и децата.

„Популацискиот фонд на ОН - УНФПА објави дека во Газа сите се гладни, вклучително и 50.000 трудници“, рече Дујарик.

Тој истакна дека ОН и другите хуманитарни партнери продолжуваат да даваат помош во храна во Појасот Газа и покрај сите тешкотии.

Потсетувајќи дека САД поднеле нацрт-резолуција како алтернатива на нацрт-резолуцијата што Алжир планира да ја предложи за гласање во Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Дујарик рече дека барањата на генералниот секретар на ОН се многу јасни, дека сака да види итен хуманитарен прекин на огнот во Газа, непречен пристап на хуманитарната помош и ослободување на сите заробеници.

Во нацрт-резолуцијата, која Алжир планира да ја стави на гласање во СБОН, се бара „итно воспоставување хуманитарен прекин на огнот што ќе го почитуваат сите страни“.

Откако Алжир најави дека нацрт-резолуцијата ќе ја стави на гласање, американската постојана претставничка во ОН, Линда Томас-Гринфилд, соопшти дека САД работат на договор меѓу Израел и Хамас, со кој ќе се обезбеди ослободување на заложниците и пауза во непријателството во траење од најмалку шест недели и најави дека ќе вложат вето на нацрт-резолуцијата на Алжир.

САД ја предложија својата нацрт-резолуција за која ќе преговараат земјите-членки на Советот за безбедност на ОН.

AA
Популарни