800.000 Палестинци во северниот дел на Газа немаат пристап до здравство / Photo: AA

Вкупно 800.000 Палестинци во северниот дел на Појасот Газа во моментов се без здравствена покриеност, соопшти синоќа Палестинското Министерството за здравство.

Министерството предупреди на, како што ги нарече „акти на геноцид извршени од Израел во северниот дел на Појасот Газа“.

Израелската окупација намерно има за цел да ја поткопа здравствената инфраструктура во северниот дел на Газа, рече портпаролот на Министерството, Ашраф Ал-Кудра, во изјава за X.

Капацитетот на болницата Ал-Ахли во градот Газа е надминат поради големиот број ранети луѓе префрлени во установата, рече Ал-Кудра, апелирајќи за меѓународна поддршка и заштита од засиленото бомбардирање на Израел.

Министерството во вторникот соопшти дека повеќе од 400.000 Палестинци во северниот дел на Газа сега се целосно без медицински услуги додека трае геноцидот врз палестинскиот народ.

Израел ја продолжи својата воена офанзива врз Појасот Газа во петокот по завршувањето на еднонеделната хуманитарна пауза со палестинската група Хамас.

Од 7 октомври убиени се најмалку 16.248 Палестинци, а повеќе од 43.616 други се повредени во немилосрдните израелски воздушни и копнени напади врз енклавата по прекуграничниот напад на Хамас.

Според официјалните податоци, билансот на израелските жртви во нападот на Хамас изнесува 1.200.

TRT Balkan / агенции
Популарни