Палестинскиот претседател Махмуд Абас изјави дека Израел врши геноцид врз либанскиот народ.
Говорејќи на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, Абас се осврна на нападите на Израел врз Газа, како и на актуелните напади врз Либан.
Потсетувајќи дека 75 отсто од Газа беше уништена и стана непрепознатлива, а илјадници луѓе загинаа, Абас рече: „Стоп за израелските злосторства во Газа и Западниот Брег, престанете со убиствата на деца и жени, престанете со геноцидот и престанете да испраќате оружје за Израел. Ова лудило не смее да продолжи“.
Осврнувајќи се на повикот на израелскиот екстремно десничарски министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир за изградба на синагога во Месџид Ал Акса, Абас рече дека Ал Акса и неговата околина им припаѓаат на муслиманите.
Абас рече дека многу пати претходно предупредувале дека окупираната палестинска држава е на место на експлозија и дека експлозијата се случила на 7 октомври, додавајќи дека повикале да седнат на преговарачка маса врз основа на решение за две држави, но наместо да се слуша гласот на разумот, Израел изврши геноцид во Газа. Тој рече дека Израел почна и се уште врши воени злосторства пред очите на меѓународната заедница.
„Израел сега го напаѓа братскиот либански народ. Израелската влада врши геноцид врз либанскиот народ. Израел треба да ја запре војната во Палестина и Либан“, рече Абас.
Абас се повика на одлуката поднесена од Палестина до Генералното собрание на Обединетите нации, врз основа на советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата (МСП) од 19 јули, кое ја прогласи окупацијата на Израел на палестинската територија за незаконска и побара Израел да го прекине своето присуство во окупираните територии во рок од 12 месеци. Тој им се заблагодари на земјите кои гласаа за законот.
Абас им се заблагодари и на активистите кои ја поддржуваат Палестина.
„Ние сме им благодарни на оние кои организираат демонстрации за поддршка на Палестина ширум светот, вклучително и САД и западните земји. Исто така сме им благодарни на активистите кои ги ризикуваа своите животи за да дојдат во Палестина. Во оваа прилика им оддаваме чест на турско-американската државјанка Ајшенур Езги Ејги. Палестинскиот народ нема да го заборави ставот на г-ѓа Ајшенур, која беше убиена од израелската окупаторска армија.