Аеродромот „Истанбул“ најфреквентен во Европа / Photo: AA

Аеродромот „Истанбул“ во периодот од 14 до 21 август е најфреквентен аеродром во Европа, со просечни 1.517 лета дневно.

Европската асоцијација за безбедност на воздушниот сообраќај го објави Европскиот извештај за воздушен сообраќај за периодот од 14 до 21 август.

Според резултатите од извештајот, Aеродромот „Истанбул“ е рангиран на прво место меѓу најпрометните европски аеродроми со просек од 1.517 лета дневно.

Следува аеродромот „Скипол“ во Амстердам со просечно 1.368 дневни летови, а потоа парискиот аеродром „Шарл де Гол“ со 1.338 лета.

Минатата година на аеродромот „Истанбул“ слетале и полетале 425.890 авиони, додека фреквенцијата на патници била 64,3 милиони.

TRT Balkan / агенции
Популарни