Нападите на Израел започнаа на седми октомври / Photo: AA

Повеќе од 70 отсто од цивилната инфраструктура во Појасот Газа е уништена или сериозно оштетена од интензивните израелски напади, соопшти денеска Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).

УНРВА сподели, како што се вели, шокантна снимка која покажува незамисливо уништување во градот Газа, вклучувајќи го и здравствениот центар на агенцијата.

Агенцијата на ОН објави на X дека 70 % од цивилната инфраструктура вклучувајќи домови, болници и училишта се уништени или сериозно оштетени.

Се вели дека 84 отсто од здравствените установи биле погодени од нападите.

Израел го нападна Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври. Во израелскиот напад што следеше загинаа најмалку 28.663 и предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Се верува дека помалку од 1.200 Израелци биле убиени во нападот на Хамас.

Израелската војна против Газа турна 85 отсто од населението на територијата во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

TRT Balkan / агенции
Популарни