Акар и Столтенберг се состанаа по посетата на Споменикот на загинатите борци и на полуостровот Галиполе (Гелиболу).      Фото: АА

Министерот за одбрана на Туркије, Хулуси Акар, денеска се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Акар и Столтенберг се состанаа по посетата на Споменикот на загинатите борци и на полуостровот Галиполе (Гелиболу).

На состанокот е разговарано за регионалната одбрана и безбедност, како и за прашања кои се однесуваат на НАТО, а турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, ги изнел ставовите на Туркије.

Турскиот министер истакнал дека Туркије ќе продолжи да ги исполнува обврските внатре во НАТО како што тоа било случај и претходно.

Столтенберг нагласи дека Туркије е важен сојузник на НАТО и се заблагодари на улогата на земјата во повторното активирање на коридорот за извоз на жито од Украина.

AA
Популарни