Радоста на слободата е значително намалена поради масакрите во Газа, рече Тамими / Photo: AA

Ахед Тамими, познатa како еден од симболите на палестинскиот отпор, синоќа беше ослободен од израелски затвор како дел од договорот меѓу Хамас и Израел за размена на заробеници.

Во четвртокот наутро, откако беше ослободена со група од 30 палестински затвореници, таа рече дека во затворот каде што била затворена има најмалку десет жени во многу лоша состојба.

Овaa 23-годишнa активистка изјави за Анадолу дека „радоста на слободата е значително намалена поради масакрите што беа извршени во Појасот Газа“.

„Оставивме во затвор околу 30 жени, меѓу кои и десет од Појасот Газа, кои беа уапсени во неодамнешната израелска копнена операција, која започна на 27 октомври, а нивната состојба е многу лоша“, посочи Тамими.

Таа рече дека условите во затворот се катастрофални.

„Жените во затворите се малтретирани секој ден. Тие се лишени од вода и облека, спијат на под и ги тепаат. Израелските власти се заканија дека ќе го таргетираат татко ми ако зборувам за нешто што се случува во затворот. И покрај се, ние сме посилни отколку окупацијата. Ќе продолжиме да пружаме отпор до слобода“, рече Тамими.

Во октомври, израелските сили го затворија нејзиниот татко. Тој беше уапсен во неговиот дом во Наби Салех, западно од градот Рамала, на окупираниот Западен Брег. Сè уште е во затвор.

На 6 ноември, израелските армиски сили ја приведоа Ахед Тамими откако го пребараа нејзиниот дом и ги одзедоа мобилните телефони на семејството.

Израелските војници ја приведоа Ахед Тамими на 19 декември 2017 година, за време на рација во семејната куќа во Рамала. Нејзината мајка Нариман следниот ден отишла во притворот во Рамала за да добие информации за нејзината ќерка, а потоа и таа била приведена. Ахед Тамими тогаш беше осудена на осум месеци затвор за „напад“ на израелски војник. Таа беше ослободена на 29 јули 2018 година по осум месеци поминати во затвор.

Во 2012 година, на Ахед во Истанбул ѝ беше врачена награда за храброст затоа што им се спротивстави на израелските војници кои го приведоа нејзиниот брат.

Нејзиниот случај привлече големо меѓународно внимание, а Амнести интернешенел ја нарече Ахед Тамими Палестинката Роза Паркс, афроамериканска активистка за човекови права и шивачка, која американскиот Конгрес ја прогласи за „мајка на модерното Движење за човекови права“.


AA
Популарни