Алиев ги објасни антитерористичките мерки во Карабах / Photo: AA

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев му кажа на американскиот државен секретар Ентони Блинкен дека антитерористичките мерки во Карабах ќе престанат само доколку Ерменските вооружени сили го положат оружјето.

Алиев ги објасни причините за мерките во регионот за време на телефонски разговор со Блинкен, се вели во денешното соопштение на азербејџанското Претседателство.

Во однос на присуството на Ерменските вооружени сили во Карабах, нивните зголемени провокации во последните месеци и таканаречените „претседателски избори“ на режимот, Алиев истакна дека Баку морал да преземе антитерористички мерки за да ги спречи тие акции.

„Азербејџанската Армија не цели кон цивили и инфраструктурни објекти, туку само ги уништува легитимните воени цели“, додаде Алиев.

Тој го повтори неговиот повик за дијалог додека продолжуваат антитерористичките акции.

Поранешните советски републики се во конфликт од 1991 година, кога ерменската војска го окупира Карабах, територија меѓународно признаена како дел од Азербејџан, и седум соседни региони.

Поголемиот дел од територијата беше ослободен од страна на Баку за време на воениот судир есента 2020 година, што заврши со мировниот договор постигнат со посредство на Русија и ја отвори вратата кон нормализација.

TRT Balkan / агенции
Популарни