Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган не дозволи политичката поларизација да премине во социјална поларизација, напиша на Твитер шефот на Кабинетот за комуникации на претседателот на Туркије Фахретин Алтун 

Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган не дозволи политичката поларизација да премине во социјална поларизација, напиша на Твитер шефот на Кабинетот за комуникации на претседателот на Туркије Фахретин Алтун по вториот круг од претседателските избори во Туркије.

„Добив безброј барања за интервју од западни новинари кои се обидуваа да ја дознаат пораката на Туркије до светот. Има многу време да се разговара за сето тоа. Утрово, би сакал да понудам неколку совети за Западот да ги анализира прецизно турските избори, вели Алтун.

Појасни дека во Туркије, во недела, на 14 мај, се одржаа претседателски и парламентарни избори, со излезност од речиси 87 отсто. Претседателот Ердоган првиот круг го заврши со 49,5 отсто, над 4 отсто пред противникот.

„Вчера 84,2 отсто од граѓаните со право на глас учествуваа во вториот круг за да му дадат мандат на претседателот за уште пет години на власт. Кандидатите водеа кампања во фер и транспарентна атмосфера. Соочувајќи се со коалицијата на екстремно десничарски и екстремно леви партии, претседателот водеше реална кампања, не давајќи лажни ветувања и се бореше против низата дезинформации“, напиша Алтун.

Според него, не биле само троловите на социјалните мрежи кои учествувале во таа кампања за дезинформации, туку и големите национални и меѓународни медиуми.

„За жал, противникот на претседателот стана гласноговорник за таа кампања за дезинформации лично.Ердоган ја прифати конзистентноста и кохерентноста како основни вредности во политиката. Спротивно на тоа, неговиот противник не се грижеше да биде доследен. Ниту пак се грижеше за вистината. Тој едноставно кажа што требаше да каже кога требаше да каже“, вели тој.

Алтун појасни дека претседателот ја изгради својата кампања околу основното правило на социологијата во согласност со социополитичката реалност: „Општеството е повеќе од збир на поединци“.

„Токму тој принцип, заедно со неговата посветеност за одбрана на правата на сите граѓани, ги водеа неговите напори за решавање на социјалните прашања. Спротивно на тоа, неговиот противник целосно ја пропушти таа точка, одлучувајќи се за претерано популистичка и „хиперреална“ кампања“, вели Алтун.

Според него, вреди да се одбележи дека претседателот презеде извонредни чекори за да спречи политичката поларизација да премине во социјална поларизација за време на кампањата.

„Според тоа, тој им се спротивстави на своите противници, но не и на социјалната група. Повторно, неговиот противник направи се што е во негова моќ да ја трансформира политичката поларизација во социјална поларизација и да ја продлабочи таа поларизација. Прибегнаа дури и кон говор на омраза“, ја заврши пораката Алтун.

TRT Balkan
Популарни