Алтун: Неприфатливо е израелското таргетирање на новинари / Photo: AA

Директорот за комуникации при турското Претседателство Фахретин Алтун го осуди нападот на Израел врз новинарската екипа на ТРТ Араби која известувала од кампот Нусерјат во палестинска Газа.

„Окупирачкото израелско намерно таргетирање новинари продолжува со несмалено темпо. Тимското возило на ТРТ Араби, кое се подготвувало за емитување во кампот Нусејрат во Газа, било нападнато од израелската армија. Сами Шахада, кој работел како независен снимател, бил тешко повреден и опериран. Репортерот на ТРТ Араби, Сами Берхум, побегнал неповреден“, напиша Алтун на социјалната мрежа Х осудувајќи го нападот. „Го осудуваме овој гнасен напад. Ова е тероризам. Овој тероризам мора да престане и западниот свет мора да се спротивстави на оваа бруталност што е можно поскоро“, истакна Алтун.

Тој потенцираше дека „Израел цели на новинари и ја напаѓа слободата на медиумите за да спречи да се видат неговите масакри. Рамнодушноста на меѓународната заедница кон овие напади го охрабрува и Израел“, додаде тој. „Доста е! Меѓународната заедница мора да преземе акција против злосторствата што се случуваат пред нашите очи. Оние кои молчат против овие систематски напади се соучесници во израелското злосторство за геноцид“, напиша Алтун. Тој уште еднаш ги осудуди нападите на Израел насочени кон новинарите во Газа, и му посака брзо закрепнување на камерманот Сами Шахада и како што напиша „брзо закрепнување на семејство на ТРТ.“

TRT Balkan
Популарни