Директорот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, истакна дека „грчкиот министер за миграции и азил, со споделување на лажни вести се обидува да фрли сомнеж врз Туркије“.
„Со овие залудни и смешни напори, Грција уште еднаш му покажа на целиот свет дека не го почитува достоинството на бегалците со објавување на фотографиите на овие угнетени луѓе што ги депортирала откако ги заплени нивните лични работи“, изјави Алтун во објава на социјалната мрежа Твитер.
Алтун нагласи дека „грчките власти мора првин да одговорат за предизвикување смрт на доенчињата кои се удавија во Егејското море, како и за луѓето што ги соблекуваа голи, ги тепаа со ремени, и оставија да измрзнат до смрт во Марица преку нивото сочуесништво со Фронтекс“.
„Ја повикуваме Грција што поскоро да се откаже од грубиот однос кон бегалците, да престане со неоснованите и лажни обвинувања против Туркије и покаже дигнитет на владата“, додаде Алтун.
Извештај: Фронтекс го прикрива грчкото истуркување бегалци
Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) минатата недела објави извештај според кој граничната агенција на Европската унија (Фронтекс) прикривала нелегални истуркувања на бегалци и мигранти од страна на грчката крајбрежна стража во турските територијални води.
Според извештајот на ОЛАФ, Европската канцеларија за борба против измами, кој беше објавен во четвртокот на веб-страниците посветени за слободен пристап до информации со седиште во Германија, FragDenStaat, потоа Шпигел (Der Spiegel) и Lighthouse Reports, Фронтекс ги прикривал случаите на можни прекршувања на човековите права од страна на своите офицери, суспендирал воздушен надзор за да се избегне снимање нелегални активности, кофинансирал грчки единици кои извршиле истуркувања на мигранти и ги довел во заблуда властите одговорни за надзор на агенцијата.
Врвните менаџери на Фронтекс направиле „сериозно недолично однесување и други неправилности“ при прикривањето на инцидентите со истуркување, не истражувајќи ги или неправилно постапувајќи со нив, се наведува во извештајот во кој имињата биле редактирани.
„Со тоа, тие го попречија капацитетот на Фронтекс целосно да се усогласи со своите одговорности, имено да обезбеди заштита и унапредување на основните права“, се вели во извештајот.