Шефот на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун изјави дека меѓународната заедница би требала да преземе конкретни мерки во борбата против исламофобијата, заканата со која се соочува целиот свет.     Фото: АА

Шефот на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на турскиот претседател, Фахретин Алтун изјави дека меѓународната заедница би требала да преземе конкретни мерки во борбата против исламофобијата, заканата со која се соочува целиот свет.

„Навистина, една од глобалните закани денес несомнено е исламофобијата. Непријателството кон исламот и муслиманите е интензивно евидентно во целиот свет“, рече Алтун во обраќањето на 12 конференција на министрите за информирање на Организацијата на исламска соработка (ОИС).

Во текот на конференцијата во Истанбул, министри и високо рангирани претставници од 57 држави разговараат како да ја продлабочат соработката во областа на медиумите, комуникациите и информирањето.

Конференцијата се одржува на темата „Борбата против дезинформациите и исламофобијата во ерата на пост-вистината“, а Алтун истакна дека дезинформациите го забрзуваат ширењето на исламофобијата шриум светот.

„Исламофобијата исто така има обележје кое ја дели светската заедница и го загрозува глобалниот мир и стабилноста. Затоа целиот свет треба да гледа на исламофобијата како на отворено злосторство од омраза, злосторство против човечноста и ефикасно да се бори против ова злосторство. Со други зборови, борбата против ова злосторство треба да биде една од главните должности, не само на муслиманите, туку и на меѓународната заедница“, порача Алтун.

Тој нагласи дека е важна и улогата која ја имаат меѓународните медиуми и глобалните трустови на мозоци во ширењето на исламофобијата.

„За жал, меѓународните медиуми сликаат исклучително негативен портрет на муслиманите“, додаде Алтун.

Исто така рече дека Туркије и нејзините институции вложуваат големи напори во борбата против исламофобијата и подигнувањето на свеста за ова прашање.

Туркије го презеде од Саудиска Арабија мандатот на претседавач со Конференцијата на министри за информирање на ОИС.

AA
Популарни