Израелски снајперисти во неделата пукаа во возило со тим на ТРТ Араби во градот Кан Јунис, во област за која тврдат дека е безбедна зона

Шефот на Канцеларијата за комуникации на претседателот на Туркије, Фахретин Алтун, го осуди израелскиот напад врз репортерската екипа на ТРТ во Газа. Алтун на социјалните мрежи истакна дека Израел напаѓа и новинари. „Го осудувам нападот на тимот на ТРТ, кој беше директна цел на израелските снајперисти додека беа на должност. Во Газа нема повеќе место ниту на гробиштата. Освен за геноцидните злосторства, Израел секако ќе одговара за нападите и масакрите против ТРТ и другите новинари, кои отворија „комуникациски коридор“ од Газа кон светот, му посакувам брзо закрепнување на репортерот на ТРТ, Сами Берхум и на целиот тим на ТРТ“, рече Алтун. Во неделата, израелската армија нападна возило со тим на ТРТ Араби во градот Кан Јунис во јужниот дел на Појасот Газа, во област за која тврдат дека е безбедна. Дописникот на ТРТ Араби Газа, Сами Берхум, рече дека израелските војници целеле возило во Кан Јунис, иако тоа било новинарска екипа. „Бевме мета по четврти пат од почетокот на војната, иако имавме прес-возило, со шлем и елек. Отидовме да правиме вести во област северно од Кан Јунис, која Израел ја смета за безбедна, каде што раселените Палестинци се концентрирани“, рече Берхум. Тој истакна дека тие биле застрелани од израелски снајперисти стационирани на ридовите. „Тие пукаа и во возилото и околу возилото. Продолжија да пукаат околу 15 минути откако се оддалечивме пет метри од возилото“, рече Берхум. Тој посочи дека нема безбедно место во Газа. „Израелските војници нè гаѓаат директно, без никакво предупредување. Директно ни го гаѓаа возилото, го гаѓаа ветробранското стакло на возилото и нашиот снимател“, рече Берхум.

AA
Популарни