Алтун: Израел не е заинтересиран да ги заштити цивилите / Photo: AA Archive

Директорот на Одделот за комуникации при Претседателството на Туркије, Фахретин Алтун, истакна дека Израел уште еднаш покажува дека не е заинтересиран да ги штити цивилите или да ги почитува основните човекови права.

„Целосното прекинување на фиксните, мобилните и интернет комуникациите во Појасот Газа ја сигнализира најновата фаза во воената кампања на Израел против Палестинците“, истакна Алтун во објава на социјалната мрежа Х.

„Додека израелската војска продолжува со најинтензивните воздушни напади врз Појасот Газа, кој е под опсада од 7-ми октомври, нејзините истовремени напори да ги уништи комуникациите е бесрамен напад врз најфундаменталните човекови права и вредности“, нагласи Алтун.

Во објавата директорот на Одделот за комуникации при турското Претседателство напиша дека „израелското спречување на сите меѓународни комуникациски канали што ја поврзуваат Газа со надворешниот свет, јасно укажува на намера да се извршат воени злосторства. Ова е обид да се скрие грдата вистина за израелското уништување на цивилни животи.“

Тој додаде дека „континуираната неактивност на Западот пред овој напад ги прави соучесници во ова злосторство.“

„Оние кои се противат на какви било ограничувања на способноста на Израел да напаѓа неселективно и без никакви последици, мора уште еднаш да погледнат што прават. Тие мора да сфатат дека нивниот овозможувачки став во овие ужасни денови ќе остане како трајна дамка во нивната историја“, вели Алтун.

Во објавата, тој силно го осуди Израел за, како што наведе, игнорирање на основните права и слободи на луѓето во Газа и остатокот од Палестина.

„Ова мора да престане веднаш. Светските сили кои ги поддржуваат овие ѕверства немаат морално високо ниво отсега натаму некому да му држат лекции.“

TRT Balkan
Популарни