Терористичките напади врз турските цивили се директни и индиректни последици на поддршката на некои земји на терористичките групи, рече шефот на Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Туркије Фахретин Алтун, повикувајќи ја меѓународната заедница да посвети внимание.
„Мораат веднаш да ја прекинат својата директна и индиректна поддршка доколку сакаат пријателство со Туркије“, напиша Алтун на Твитер, ден откако во смртоносната експлозија во истанбулската улица Истиклал загинаа шест лица, а повредено е 81.
Алтун рече дека „терористите мислат дека можат да ја заплашат нацијата и владата со овие напади, но дека во тоа нема да успеат.“
Тој додаде дека турската влада, под водство на претседателот Реџеп Таип Ердоган, „никогаш не бегала од прогон и казнување на терористите“, каде и да се наоѓаат.
Осомниченoто лице што ја поставило бомбата, која вчера предизвика експлозија во истанбулската улица Истиклал, е уапсено, изјави министерот за внатрешни работи на Туркије Сулејман Сојлу.
„Наша проценка е дека наредбата за смртоносниот терористички напад стигна од Ајн ал-Араб во северна Сирија, каде ПКК/ЈПГ има свое сириско седиште“, рече Сојлу.