Шефот на Дирекцијата за комуникации на Туркије, Фахретин Алтун, ја осуди новинската агенција Ројтерс за нејзините неосновани наводи за синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, обвинувајќи ја за ширење дезинформации.
Алтун на својот профил на социјалните мрежи сподели вест од новинската агенција Ројтерс за синот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Билал Ердоган.
Тој ги нарече обвинувањата против Билал Ердоган неосновани, велејќи дека новинската агенција не била во состојба дури ни независно да потврди дали претседателот Ердоган и неговиот син Билал биле свесни или биле вмешани во наводна шема на подмитување на шведска компанија.
„Овој дезинформациски производ, кој е еклатантно контрадикторен со следните реченици и практично ја признава својата нерелевантност, дури и на минимално ниво на придржување кон основните новинарски критериуми, е таков што ќе се учи на часовите по новинарство“, рече Алтун.
Тој ги цитираше речениците од написот на Ројтерс: „На крајот на краиштата, не беше никакво незаконско плаќање според жалбата поднесена до властите од поединец, а која на увид ја имал Ројтерс. Всушност, Дигнита Системс АБ, шведска компанија, ненадејно се откажа од проектот кон крајот на минатата година, според двајца луѓе запознаени со ова прашање и комуникациите на компанијата во која увид имаше Ројтерс.“
„Ројтерс не можеше независно да потврди дали претседателот Ердоган и неговиот син Билал биле свесни, или биле вмешани во навнодната шема на подмитување на Дигнита“, нарекувајќи го тоа замислено сценарио. Алтун исто така нагласи дека написот покренал прашања бидејќи е објавен непосредно пред најавениот самит на лидери на НАТО.
„Сакаме многу јасно да ставиме до знаење дека овие тенденциозни вести, насочени од лоби кои се спротивставуваат на Туркије и јавните власти кои вршат притисок врз Туркије, никогаш нема да му нашетат на принципиелниот став на Туркије“, рече Алтун, додавајќи:
„Го осудуваме Ројтерс за сервирање лажни вести, што уште еднаш докажува колку е важна нашата борба против дезинформациите за целиот свет.“
Дирекцијата за комуникации под водство на Алтун изврши силен притисок врз ширењето на дезинформации, вклучувајќи и посебна единица на дирекцијата и редовното објавување на „Билтенот за дезинформации“.