Израел заслужува осуда за хибридните закани кои ги поттикнува, оцени Алтун  /Фото: AA

Западните медиуми прво ги криминализираат, а потоа ги дехуманизираат Палестинците, критикува Фахретин Алтун директорот за комуникации на Туркије.

Според него Израел заслужува осуда за хибридните закани кои ги поттикнува.

„Целиот свет е под хибридни закани кои произлегуваат од Израел“, рече тој во петокот, осврнувајќи се на активностите на државите или недржавните тела насочени кон искористување на ранливоста на една држава или институција во своја корист преку употреба на мешавина од мерки, било да се тоа дипломатски, економски, воени или технолошки – истовремено избегнувајќи формална војна.

„Денешните фашисти ги земаат за пример фашистите од минатото“, додаде тој, дополнително подвлекувајќи дека Евреите биле угнетувани во тоа време, а муслиманите денес се на мета.

Фашистичка пропаганда

Алтун, исто така, го цитираше терминот „фашистичка пропаганда“, кој беше го популаризираше германскиот филозоф и социолог Теодор В. Адорно.

„Адорно, кој и самиот бил германски Евреин, во своето дело насловено „Антисемитизам и фашистичка пропаганда“, вели дека фашистичката пропаганда не ги напаѓа сопствените непријатели, туку духовите, бабарогите и митовите“, додаде директорот за комуникации.

„Денес, израелската пропагандна машинерија користи фашистичка пропаганда за која збореше Адорно“, рече Алтун.

Алтун, исто така, рече дека Израел со своите пропагандни напори „врши масакр на реалноста“.

„За жал, досега со својата агресија Израел уби 64 новинари“, додаде тој.

Антисемитистичка реторика

Алтун дополнително ја критикуваше антисемитистичката реторика на Израел.

„Секогаш кога се жалите на израелската политика, тие велат дека сте антисемити. Кога ги браните Палестинците, тие велат дека не го признавате правото на Израел да постои“, рече тој, осврнувајќи се на обвиненијата на израелските власти за антисемитизам, што честопати се критикувани дека ги користат за да ги задушат несогласувањата.

Директорот, исто така, рече дека израелската војска „испраќа комплети на концепти, поими и зборови за употреба“ на западните медиумски компании и им наметнува да користат специфични термини што треба да ги користат при покривање на конфликтот.

„Палестинците прво се криминализирани, а потоа дехуманизирани од медиумите“, рече Алтун.

„Се бара [од Израел] оваа трагедија да се занемари“.

Израел ја „продлабочува“ кризата на вистината со својата пропаганда и хибридни закани, рече директорот.

„Тривијализирањето на лагата е основата на оваа криза на вистината“, рече тој, спомнувајќи го и обвинението на францускиот социолог Жан Бодријар дека симулациониот свет, или хиперреалноста, има предност над реалноста.

Стотици илјади побегнаа кон југ од интензивните израелски напади и копнената операција во северниот дел на Газа од 7 октомври, кога Хамас изврши ненадеен напад против Израел.

Во петокот, израелската армија, исто така, фрли летоци во јужниот дел на опколената Газа, предупредувајќи ги Палестинците да се движат кон север, бидејќи тоа и понатаму е воена зона.

Четиридневната хуманитарна пауза меѓу израелската армија и Хамас стапи на сила во петокот наутро во сите области на опколената енклава, привремено прекинувајќи ги нападите за размена на затвореници и помош.

TRT World
Популарни