Шефот за комуникации при кабинетот на турскиот претседател Фахретин Алтун го осуди терористичкиот напад во турската престолнина Анкара.
Алтун во објава на социјалните мрежи наведе дека по обидот за нападот во кој се неутрализирани двајца терористи надлежните институции ги спроведуваат неопходните истраги.
„Како и во сите слични ситуации, ги молиме нашите граѓани да бидат внимателни кон обидите за дезинформации и да ги следат информациите од официјални извори. Никогаш нема да дозволиме тероризмот да ја обликува турската политика и ќе продолжиме со нашата борба против тероризмот на сите полиња“, рече Алтун. Обвинителството во Анкара покрена истрага во врска со терористичкиот напад врз Генералната дирекција на полицијата на 1 октомври 2023 година.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја утрово изјави дека двајца терористи, кои дошле со помало возило пред влезот на Генералната дирекција за безбедност во Анкара извршиле бомбашки напад.
Јерликаја во објавата на социјалните мрежи рече дека двајца полицајци се полесно повредени.
„Околу 09.30 часот (по локално време) двајца терористи кои со помало возило дошле пред влезот на Генералната дирекција за безбедност при Министерството за внатрешни работи, извршија бомбашки напад. Еден од терористите се разнесе, а другиот терорист е неутрализиран. Во текот на отворениот оган полесно се повредени двајца наши полицајци. На нашите хеори им посакувам брзо опоравување“, истакна турскиот министер Јерликаја.
„Нашата борба продолжува решително се додека и последниот терорист не биде неутрализиран“, додаде Јерликаја.