Алтун реагираше на скандалозните објави на „Шарли Ебдо“ за Ердоган / Photo: AA

Шефот на Кабинетот за комуникации при Претседателството на Туркије Фахретин Алтун реагираше на скандалозните објави на францускиот весник „Шарли Ебдо“ (Charlie Hebdo), во врска со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Се обраќам до Шарли Ебдо и неговите деривати. Што и да направите, не можете да го заплашите Реџеп Таип Ердоган. Не можете да не спречите на нашиот пат“, порача Алтун.

Алтун на својот профил на социјалните мрежи објави дека грдата објава на „Шарли Ебдо“, кој е еден од важните центри на провокации, навреди и пцости во светските медиуми, со најновата неморална и нехумана карикатура насочена кон претседател Реџеп Таип Ердоган „на светот уште еднаш му покажа колку е одвратна.“

„Се чини дека големиот успех на нашиот претседател на изборите на 14 мај направи нечесниците да не можат да спијат, да ги шират своите болни состојби и да исфрлаат омраза. Остро го осудуваме овој неморал и ги гледаме со очи на сожалување додека се борат во овој очај“, порача Алтун.

TRT Balkan / агенции
Популарни