Фахретин Алтун, директор на Одделот за комуникации при турското Претседателство

Директорот за комуникации на Туркије Фахретин Алтун рече дека земјата ќе излезе од оваа огромна катастрофа со духот на солидарноста по земјотресите што го погодија јужниот регион на земјата на 6 февруари.

Изјавувајќи дека Туркије се бори против дезинформациите, манипулациите и управувањето со перцепциите среде катастрофата и кризниот период, Алтун рече дека земјата „се соочува со една од најголемите катастрофи во светот и во географијата на која и припаѓа“.

Во писмото испратено до Конференцијата на министри за информации при Организацијата за исламска соработка (ОИС), Алтун рече дека напорите за пребарување и спасување започнале речиси девет часа по силните земјотреси.

„Персонал од вкупно 113.318 лица и волонтери од различни институции и невладини организации, од кои 24.727 се персонал за пребарување и спасување, вклучени се во напорите за одговор при катастрофи“, рече тој.

Повикувајќи ги министрите за информации од земјите-членки на ОИС да ги поддржат напорите на Туркије во борбата против дезинформациите и информирањето на јавноста, Алтун рече: „Веруваме дека вашата поддршка ќе биде важен знак за солидарноста и единството што исламскиот свет ги покажа во тешки времиња."

„Ќе ја надминеме оваа голема катастрофа во духот на солидарноста“, додаде тој.

Алтун понатаму истакна дека најмалку 94 земји и понудиле поддршка на Турција и им се заблагодари на сите пријателски земји за нивната поддршка и помош во овој, како што рече, тежок период.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер на 6 февруари ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во провинцијата Кахриманмараш, а борјни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите на пребарување и спасување на луѓето заглавени под урнатините на зградите.

Земјотресите исто така погодија неколку земји во соседството и предизвикаа големи разурнувања на северот на Сирија.

Во земјотресите на југот на Туркије загинаа 31.974 лица, а според последните официјални податоци, во земјотресите во Сирија загинаа 3.600 лица.

AA
Популарни