Алтун: Туркије е моќна земја која произведува свои тенкови и воздухоплови / Photo: AA

Шефот на Канцеларијата за комуникации при турското Претседателство, Фахретин Алтун, изјави дека Туркије стана моќна земја која произведува сопствено оружје, тенкови, хеликоптери, бродови и беспилотни летала и извезува милијарди долари во областа на одбранбената индустрија секоја година.

Алтун присуствуваше на промоцијата на книгата и на церемонијата наречена „Програмата на Туркије во векот на Туркије“, и по тој повод зборуваше за достигнувањата на Туркије во последните години.


Тој говореше и за напорите што се вложуваат за тоа на меѓународен план, за државата да се користи брендираниот назив „Туркије“


„Понатамошното зајакнување на брендот 'Туркије' е несомнено една од нашите најважни цели. Во овој контекст, сметаме дека е исклучително важно користењето на името на нашата земја Туркије да стане широко распространето на меѓународната сцена и ние работиме во таа насока“, рече Алтун.

Потсетувајќи дека оваа година се навршуваат 100 години од основањето на Република Туркије, Алтун рече дека претседателот Реџеп Таип Ердоган презентирал важна и сеопфатна визија што го означува и почетокот на „Векот на Туркије“.

Според него, , оваа визија во суштина е визија која Туркије ја води во 2053 и 2071 година и ја третира Туркије и како ефективна регионална сила и како глобален играч.

Алтун појасни дека едно од поглавјата на книгата е насловено „Туркије во светот“.

„Во ова поглавје, покрај ефективната надворешна политика што нашата земја ја води како глобален актер, се истакнуваат и чекорите во индустријата, науката, технологијата, економијата, туризмот и културниот живот, како и услугите насочени кон граѓаните на нашата земја“, рече Алтун и нагласи:

„Туркије направи значителен напредок во индустријата, која е еден од најважните елементи на економскиот развој и раст, благодарение на широкиот спектар на производи, силните меѓународни врски и напредната производствена индустрија, која производството го заснова на извозот. Исклучително важна улога во овој успех одиграа чекорите преземени во светлината на „националниот технолошки развој“, што е визија на турската индустрија. Туркије сега стана моќен центар што произведува сопствено оружје, тенкови, хеликоптери, бродови и беспилотни летала и извезува милијарди долари во одбранбената индустрија секоја година.“

Тој посочи дека многу добро знаат дека успесите за кои станува збор ги вознемируваат „оние кои се против Туркије“.


„Можеме да ја разбереме непријатноста на противниците на Туркије и непријателството кон Туркије на меѓународната сцена. Затоа што тие многу добро знаат дека „Големата и моќна Туркије“ е пречка за нивните злонамерни меѓународни проекти“, рече Алтун.

„Она што е тешко да се разбере“, додаде тој, „е дека на некои луѓе кои велат дека се вклучени во политиката во Туркије не им се допаѓа напредокот на земјата во одбранбената индустрија.“

„Горди сме на нашата одбранбена индустрија заедно со нашите домашни претприемачи кои даваат вреден придонес на ова поле. Не обрнуваме внимание на заканите иако гледаме дека одвреме-навреме ни се упатуваат јасни и имплицитни закани. Не обрнуваме внимание на тоа, сакаме и тоа да се знае“, рече Алтун.

Тој на крајот додаде дека со книгата што е презентирана денеска се сака да се раскаже вистинската приказна за Туркије и да се зајакне турскиот бренд „Туркије“.

„Вложивме многу труд. Горди сме на овој проект што го реализираа многу мои колеги, во чија работа придонесоа многу институции и организации. Ова дело, кое веруваме дека ќе биде меѓу значајните дела за промоција на Туркије, во првата фаза ќе биде објавено на турски и англиски јазик, а наскоро ќе бидат објавени и арапски, француски, германски и руски преводи“, заклучи Алтун.

TRT Balkan / агенции
Популарни