Шефот на Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Република Туркије, Фахретин Алтун, им оддаде почит на жртвите од геноцидот во Сребреница и рече дека геноцидот во Газа немаше да се случеше денеска доколку човештвото успееше да извлече лекција од Сребреница.
Алтун објави порака на социјални мрежи по повод годишнината од геноцидот во Сребреница. „Рахметли (Покојниот) Алија Изетбеговиќ порача: „Геноцидот кој ќе се заборави, ќе се повтори! 11 јули е една од најболните страници во модерната историја која сè уште не е затворена. Болката од геноцидот во Сребреница, која беше забележана како најголема човечка трагедија во Европа по Втората светска војна, сè уште го зазема најдлабокото место во нашите срца, без разлика што поминаа 29 години“, рече Алтун.
Според него, трагедиите треба да бидат поука за целото човештво. Тој нагласи дека „во овие денови кога геноцидот во Газа продолжува со сето негово насилство, од Сребреница може да се научат големи лекции за сите оние кои се борат да го направат светот место каде луѓето ќе можат да ги живеат своите животи на начин достоен на човекот“.
„Во Сребреница е извршен генцид пред очите на целото човештво; и тоа во подрачје кое Обединетите нации (ОН) го прогласија за „безбедна зона“. Ратко Младиќ, чије име влезе во историјата како „босански касапин“, во идеолошка заслепеност го занемари гласот на паметот, здравиот разум и совеста, како и оние кои денес го продолжуваат геноцидот во Газа. Да успееше човештвото да ја научи лекцијата од Сребреница, каде се убиени повеќе од осум илјади луѓе, вклучувајќи возрасни луѓе и деца, само поради своето верување и идентитет, денес не би се извршил геноцидот во Газа.“
Тој потсети дека Резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која неодамна беше усвоена од Генералното собрание на ОН со поддршка на Туркије, предлага Сребреница да се учи како лекција за младите генерации ширум светот.
„Исто така, со одлуката објавена со потпис на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, 11 јули во нашата земја ќе биде одбележан како „Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница“ со цел да се сподели болката и да се осудат геноцидот и злосторствата. Против човештвото се надеваме дека овој трагичен настан ќе придонесе за развој на човечката совест и свест и ќе биде инструмент за будење на глувата совест против геноцидот во Газа што продолжува пред очите на целото човештво.“ Додаде дека телата на 14 жртви од геноцидот ќе бидат погребани на церемонијата на колективното џеназе (погребна молитва) која се одржува денес.
„Посакувам Божја милост како првин на оние врз кои е извршен геноцидот во Сребреница, потоа на луѓето жртви на војната во БиХ, кои се масакрирани во многу краишта во Босна и Херцеговина, нашата пријателска и братска земја, првиот претседател на независна БиХ Алија Изетбеовиќ кој на целиот свет му покажа дека војната има морал и сочувство до сите шехиди (маченици) на Босна и упатувам сочувство на нивните најблиски“, наведе Алтун.