Амбасадата на САД во Киев процени дека постои зголемен ризик од руски напади / Photo: AA

Амбасадата на САД во Киев соопшти дека постои зголемен ризик од руски ракетни и беспилотни напади низ Украина во наредните денови, бидејќи земјата се подготвува да одбележи 33 години од независноста од Советскиот Сојуз во сабота.

Амбасадата на САД оцени дека ризикот од руски напади е зголемен во следните неколку дена и за време на викендот во врска со Денот на независноста на Украина, кој се слави на 24 август, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на амбасадата доцна синоќа.

Врховниот командант на украинските вооружени сили, Олександр Сирски изјави претходно оваа недела дека Русија лансирала 9.600 проектили и 14.000 беспилотни летала за време на нападите врз Украина откако ја започна инвазијата во февруари 2022 година, соопшти агенцијата.

За Украинците, Денот на независноста доби важност од почетокот на војната, а оваа година датумот доаѓа нешто повеќе од две недели откако Киев започна ненадеен упад во рускиот регион Курск, и покрај фактот што руските сили полека, но сигурно напредуваат во на истокот на Украина, вели тој.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва ќе даде „достоен одговор“ на упадот во регионот Курск, што тој го опиша како голема провокација.

TRT Balkan / агенции
Популарни