Американ ерлајнс ги откажа сите летови за Израел до април 2025 година

Американ ерлајнс ги откажа сите летови за Израел до април 2025 година

Авиокомпанијата не соопшти никакви конкретни детали за долгото суспендирање на летовите
Американ ерлајнс ги откажа сите летови за Израел до април 2025 година / Photo: AA Archive

Американ ерлајнс ги откажа летовите до и од Израел до април 2025 година, објавија израелските медиуми.

Оваа одлука доаѓа во време на зголемени регионални тензии поради израелската офанзива врз Појасот Газа, во која од октомври минатата година досега загинаа речиси 40.100 Палестинци, а повредени се над 92.600.

Израелскиот јавен сервис КАН соопшти дека Американ ерлајнс го продолжиле прекинот на летовите до аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив до април следната година.

Авиокомпанијата не соопшти никакви конкретни детали за долгото суспендирање на летовите.

Неколку големи меѓународни авиопревозници, меѓу кои се и Јунајтед ерлајнс и Делта ер лајнс, ги прекинаа своите летови за Израел.

Од 7 август, вкупниот број на странски авиокомпании кои ги прекинаа летовите до и од Израел достигна 20, според КАН.

Израел е во висока воена готовност поради потенцијален одмазднички напад од Иран по минатомесечниот атентат на политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије, во иранскиот главен град Техеран на 31 јули.

Додека Иран и Хамас го обвинија Израел за извршување на атентатот врз Ханије, Израел ниту ја потврди, ниту ја негираше одговорноста.

Либанската група Хезболах, исто така, вети одмазда против Израел по атентатот врз нејзиниот висок командант, Фуад Шукр, во воздушен напад во Бејрут на 30 јули.

AA
Популарни
Оваа страница користи колачиња. Продолжувајќи да ја пребарувате страницата, се согласувате со употреба на колачиња.Политика за колачиња
Прифати