Американската амбасада во Израел издаде безбедносно предупредување / Photo: AA

Американската амбасада во Израел издаде безбедносно предупредување до своите вработени и нивните семејства по веста дека Израел извршил напад врз Иран.

Во безбедносното предупредување е наведено дека личните патувања, освен во градовите Тел Авив, Западен Кудс (Западен Ерусалим) и Бершеба, се ограничени за вработените во амбасадата и нивните семејства.

Во соопштението се додава дека оваа одлука е донесена од „крајна претпазливост“ по извештаите дека Израел извршил напад врз Иран.

Иранските медиуми објавија дека експлозии се слушнале во североисточната провинција Исфахан, каде што се наоѓа базата на иранското воено воздухопловство.

Американските медиуми, повикувајќи се на американски претставници, објавија дека Израел извршил напад на иранска територија.

TRT Balkan / агенции
Популарни