Американскиот истражувач Марк Дики беше спасен рано утринава од пештера во југот на Туркије откако му се слошило минатата недела, соопшти Турската спелеолошка федерација (ТУМАФ).
„Марк Дики беше изваден од последниот излез од пештерата“, се вели на платформата на социјалната мрежа X, порано позната како Твитер.
„Успешно заврши пештерскиот дел од операцијата. Им честитаме на сите што придонесоа за тоа!“
Дики првично беше однесен во медицински шатор, а подоцна беше пренесен во болница во јужниот турски град Мерсин, соопштија властите.
Речиси 200 лица од персоналот од осум земји се вклучија во меѓународната операција предводена од Државната агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби на Туркије (АФАД) за спасување на Американецот.
Пред осум дена на Дики му се слошило илјадници стапки под влезот на пештерата.
Тој беше дел од 14-члениот тим што се спушташе во Морџа пред да покаже знаци на гастроинтестинално нарушување.
„Неверојатно е повторно да се биде над земја“, им рече тој на новинарите.
Дики рече дека се плашел дека нема да преживее откако му се влошила состојбата, заблагодарувајќи им се на турската Влада и на меѓународната спелеолошка заедница што му го спасиле животот.
„Буквално ми помина низ глава“, рече тој. „Блуев крв. Тогаш беше потешко да останам свесен и дојдов до точка кога бев сигурен дека нема да преживеам.“