„Обезбедете му ги на Израел бомбите што му се потребни за да ја заврши оваа војна што не може да си дозволи да ја изгуби и работете со нив за да ги намалите жртвите“, рече Грахам.     Фото: Архива АА / Photo: AA

Американскиот републикански сенатор Линдзи Грахам ги спореди нападите на Израел врз Газа со американските нуклеарни напади врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, посочувајќи дека и Израел има право да користи нуклеарно оружје за да победи во војната.

Грахам зборуваше за нападите на Израел врз Газа во емисијата „Мит прес“ на телевизијата НБЦ.

„Во Втората светска војна решивме да ставиме крај на војната со фрлање бомби врз Хирошима и Нагасаки. Тоа беше вистинска одлука“, рече Грахам, додавајќи: „Израел, како еврејска држава, имате право да правите сѐ што е потребно за преживување.“

Тој рече дека на Израел треба да му се обезбедат бомби.

„Обезбедете му ги на Израел бомбите што му се потребни за да ја заврши оваа војна што не може да си дозволи да ја изгуби и работете со нив за да ги намалите жртвите“, рече Грахам.

Во својата изјава на 9 мај американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе ја прекине помошта со оружје за Израел доколку изврши голем напад врз Рафа, а изјавата на Бајден наиде на реакции и кај Републиканската партија на САД и кај Израел.

AA
Популарни