Американскиот сенатор Сандерс: Масакрот во Газа мора веднаш да запре

Американскиот независен сенатор Берни Сандерс остро го критикуваше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и американскиот Конгрес кој го поддржува во нападите во Појасот Газа.

За време на седницата, сенаторот Сандерс потсети на зборовите на Нетанјаху дека ќе ги „уништи““ луѓето од Газа.

„Прашањето што ние, како Американци и американскиот Конгрес, мора да си го поставиме е: Уште колку Нетанјаху ќе ги угнетува децата и невините луѓе во овој процес?“, рече тој.

Сандерс порача дека масакрот во Газа мора веднаш да заврши.

„Претседателот Џо Бајден е во право, ова мора да заврши и тоа е во рацете на Соединетите Американски Држави (САД), но Конгресот сега се подготвува да обезбеди уште 14 милијарди долари воена помош за екстремно десничарската влада на Нетанјаху. Дозволете му на Нетанјаху да купи повеќе бомби за да ја срамни со земја Газа и да убие уште илјадници невини луѓе“, рече сенаторот.

Тој нагласи дека помошта што ќе биде испратена до Нетанјаху ќе значи само повеќе убиени жени и деца.

„Дали навистина сакаме да го наградиме Нетанјаху, кој целосно игнорира сè што сака да направи американскиот претседател? Дали навистина сакаме да му дадеме поголема поддршка на лидерот на најекстремната десничарска влада во историјата на Израел, човек кој ја посвети својата политичка кариера во уништување на предлозите за решение со две држави?“, рече Сандерс.

AA
Популарни