Анкара ја повика Германија да ги ослободи турските новинари приведени во Франкфурт по известувањето за терористичката организација ФЕТО, која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Туркије во 2016 година.
„Приведувањето на новинарите на весникот 'Сабах' во Франкфурт од страна на германската полиција денес без оправдување е чин на малтретирање и заплашување против турскиот печат. Ние силно го осудуваме овој грозоморен чин“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.
„Очекуваме итно ослободување на новинарите што беа цел на лажно осудување од страна на член на ФЕТО поради нивното известување за активностите на терористичката организација ФЕТО во Германија“, се додава во соопштението.
„Во Германија се преземени неопходни иницијативи во врска со ова прашање, а нашата силна реакција е пренесена до германскиот амбасадор во Анкара, Јирген Шулц, кој беше повикан денес#, соопшти Министерството.