Рејтингот на Марин Ле Пен се зголеми за два поени во однос на истото истражување во септември, тој е речиси на нивото на Франсоа Митеран од 1974 година / Photo: AP

Ако претседателските избори во Франција се одржат оваа недела, кандидатката на екстремно десничарското Национален собир Марин Ле Пен би добила најмногу гласови во првиот круг.

Ова го покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од агенцијата за истражување на јавното мислење Ифоп за Фигаро и Радио Суд.

„Рејтингот на Марин Ле Пен се зголеми за два поени во однос на истото истражување во септември, тој е речиси на нивото на Франсоа Митеран од 1974 година“, изјави Фредерик Диби, генерален директор на Ифоп, пренесе Фигаро.

Според истражувањето, кое беше објавено денеска, лидерката на парламентарната група Национален собир Марин Ле Пен би добила 38 отсто од гласовите, додека Габријел Атал како кандидат на партиите од центарот би освоил 20 отсто од гласовите.

„Во случај противкандидат на Лепен да биде актуелниот градоначалник на Авр, Едуар Филип, кој најави дека ќе се кандидира за претседател, разликата би биде помала: Ле Пен би добила 36 отсто од гласовите, а поранешниот премиер Филип 25 проценти од гласовите“, се наведува во анкетата.

Француската влада падна на 5 декември, откако 331 од 577 пратеници на Националното собрание му изгласаа недоверба на премиерот Мишел Барние.

Ова е резултат на обидот да се протурка рестриктивниот буџет за да се справи со растечкиот дефицит преку можноста за заобиколување на гласањето според членот 49.3 од францускиот Устав, кој ѝ дозволува на владата да усвои закон без гласање во Националното собрание.

Но пратениците одговорија со остварување на правото на предлог за недоверба на Владата.

Едната иницијатива беше поднесена од левичарската коалиција Нов народен фронт (НФП), а другата од екстремно десничарскиот Национален собир, со што беше запечатена судбината на владите.

Така Барније стана премиер со најкраток мандат во историјата на Петтата република и првиот разрешен од парламентот од 1962 година.

Францускиот претседател Емануел Макрон по падот на владата изјави дека ќе остане на функцијата до крајот на неговиот мандат, кој трае до мај 2027 година.

Во обраќањето до нацијата, еден ден откако членовите на францускиот парламент ѝ изгласаа недоверба на владата предводена од Мишел Барние, Макрон рече дека ќе остане на чело на земјата.

„Мандатот што ми го дадовте трае пет години и ќе го исполнам до самиот крај“, рече Макрон за време на десетминутниот говор, додавајќи дека во „наредните денови“ ќе именува нов премиер.

TRT Balkan / агенции
Популарни