Антонио Гутереш: Никој нема доволно храна во Газа / Photo: AA

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изрази длабока загриженост за недостигот на храна во Појасот Газа каде продолжуваат нападите на Израел.

„Ужаснат сум да кажам дека нашиот свет денес е полн со примери за разорната врска помеѓу гладот и конфликтот. Никој нема доволно храна во Газа“, рече Гутереш на состанокот на Советот за безбедност на ОН за одржување на меѓународниот мир и безбедност и додаде:

„Од 700.000 луѓе во светот кои се соочуваат со силен глад, четири од пет моментално живеат во Газа.“

Според Гутереш, климатскиот хаос и кризите со храна се „сериозна и растечка“ закана за глобалниот мир и безбедност.

Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври.

На 26 јануари, по тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата одлучи дека Израел мора да се воздржи од какви било дејствија поврзани со убиства, напади и уништување на жителите на Појасот Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Сепак, израелските сили продолжуваат да го напаѓаат Појасот Газа.

За 128 дена во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 28.473 Палестинци.

AA
Популарни