Апокалиптичните сцени кои ги оставија бруталните напади на израелската армија се видливи на секој чекор / Photo: AA

Договорот меѓу Хамас и Израел го означи почетокот на хуманитарната пауза со која ќе се запрат нападите врз Газа на четири дена и ќе се овозможи размена на заробеници и хуманитарна помош. Сепак, страшното уништување и апокалиптичните сцени кои ги оставија бруталните напади на израелската армија се видливи на секој чекор низ Појасот Газа. Камерман на Агенција Анадолу со дрон го снимил уништувањето во градот Кан Јунис, второто по големина урбано подрачје во Појасот Газа по градот Газа. Четиридневното хуманитарно примирје меѓу израелската армија и Хамас стапи во сила утринава во сите области на Појасот Газа, со што привремено беа стопирани нападите за размена на затвореници и испорака на помош. Од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври, загинаа 14.854 Палестинци, меѓу кои повеќе од 6.150 деца и над четири илјади жени. Во Израел загинаа 1.200 луѓе, меѓу кои повеќе од 310 војници, а 5.132 лица беа повредени.

Од почетокот на израелските напади врз Газа на 7 октомври, загинаа 14.854 Палестинци AA
AA
Популарни