Додека траат израелските напади врз Газа, се појавија тврдења дека израелската војска ќе употреби нервен гас и хемиско оружје за да влезе во тунелите на палестинските групи на отпорот во рамките на планираната копнена операција во блокираниот Појасот Газа.
Како што наведува „Мидл Ист ај“, повикувајќи се на арапски извори блиски до палестинските групи на отпорот, Израел планира, под надзор на командосите на американските специјални единици, да употреби нервен гас и хемиско оружје во тунелите во Газа.
Се додава дека Израел и Соединетите Американски Држави ќе се обидат да го изненадат Хамас и да влезат во тунелите, и да спасат 220 израелски заложници што ги држи Хамас.
Според планот, се тврди дека за постигнување на оваа цел ќе се користи меѓународно забранетото оружје - нервен гас и хемиско оружје.
„Големи количини нервен гас ќе бидат пуштени во тунелите“, наведува истиот извор.
Сепак, се истакнува дека ова тврдење не е потврдено ниту од САД ниту од други извори.