Турскиот гигант од одбранбената индустрија Аселсан денес објави дека склучил меѓународен договор за продажба во вредност од 79,2 милиони долари со клиенти од Азија и Блискиот Исток.
Договорот вклучува извоз на одбранбени системи, радарски и сонарни системи за противподморничко војување, како и комплети за наведување, се вели во соопштението на компанијата објавено на Турската платформа КАП (KAP).
Имињата на клиентите не се дадени.
Компанијата Аселсан, со седиште во турскиот главен град Анкара, е основана во 1975 година и прерасна во најголема одбранбена компанија во земјата, а се рангира меѓу првите 100 во својата област во светот.
AA