Претседателот Џо Бајден повтори дека е ционист и рече дека Израел мора да ја искористи можноста да има мир и безбедност за Израелците и Палестинците.
„Не треба да си Евреин за да бидеш ционист. Јас сум ционист. Каде што нема Израел, нема ниту Евреин во светот да биде безбеден“, рече Бајден на гостувањето во „Лејт Најт вит Сет Мејерс“ на Ен-Би-Си во понеделникот.
„Но тука е договорот. Тие исто така треба да ја искористат можноста да имаат мир и безбедност за Израелците и Палестинците кои се користат како пиони од Хамас“, рече тој.
Претседателот истакна дека во тек е процес.
„Мислам дека ако го добиеме тој привремен прекин на огнот, ќе можеме да се движиме во насока каде што можеме да ја промениме динамиката за да имаме решение со две држави за да се гарантира безбедноста на Израел и независноста на Палестинците“, рече Бајден.
Осврнувајќи се на можната израелска операција во Рафах, Бајден рече дека „Израелците се обврзаа пред мене дека ќе се погрижат да има можност да евакуираат значителни делови од Рафах пред давлезат и да го уништат остатокот од Хамас“.
Тој повтори дека има премногу невини луѓе кои се убиваат во Газа.
Изјавувајќи дека Израел има огромна поддршка од огромното мнозинство нации, Бајден рече: „Ако го продолжи ова со оваа неверојатно конзервативна влада што ја имаат и Бен-Гвир и другите, тие ќе ја изгубат поддршката од целиот свет“.
Тој мислеше на израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир.
„И тоа не е во интерес на Израел“, додаде тој.
Претседателот, исто така, рече дека Израел ќе ја прекине својата војна во Газа за време на муслиманскиот пост Рамазан, ако се постигне договор за ослободување на заложниците.
„Доаѓа Рамазан, а Израелците постигнаа договор дека нема да се вклучат во активности и за време на Рамазан, за да ни дадат време да ги извадиме сите заложници“, рече Бајден.
Претходно, тој рече дека се надева дека ќе се постигне прекин на огнот до 4 март.