Претседателот на САД, Џо Бајден, денеска изјави дека договор што ќе обезбеди ослободување на заложниците и прекин на огнот во Газа е на чекор од постигнување, како и дека неговата администрација посветено работи на постигнување на тој договор.
Во обраќањето од Стејт департментот, Бајден рече дека преговарачите се блиску до постигнување договор што ќе ги ослободи заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа и ќе ги запре борбите во палестинската енклава, што ќе обезбеди голем проток на хуманитарна помош.
„Толку многу невини луѓе се убиени, толку многу заедници се уништени. Палестинскиот народ заслужува мир“, рече тој.
Бајден рече дека му помогнал на Израел во борбата против Хамас и Хезболах.
Американскиот претседател ја поздрави поддршката на Вашингтон за Израел за време на двата ирански напади во 2024 година.
„Генерално, Иран е послаб отколку што беше со децении. Нема сомнеж дека нашите акции значително придонесоа“, додаде Бајден.
Американскиот претседател се соочи со критики за давање оружје и дипломатска поддршка на Израел за време на војната во Газа.
Оттогаш, повеќе од 46.000 луѓе се убиени во Газа, според палестинските здравствени власти, додека голем дел од енклавата е уништена, а поголемиот дел од нејзиното население е раселено.